Тамара Тодевска се расплака зборувајќи за тешкиот период во животот: „Сфатив колку сум емотивно оштетена“
Тамара Тодевска со солзи во очите зборуваше за периодот од својот живот кој, како што откри, оставил силна трага врз неа и приватно и професионално. Гостувајќи во емисијата „Старс шоу“ на Канал 5, пејачката отворено проговори за емоциите што ги носела во себе, а кои, како што сфатила, најјасно се препознале токму во нејзиниот најнов музички проект.








