Аргентина ја „преслуша“ Боливија во првата најава за прошталниот меч на Меси
Аргентинската фудбалска репрезентација победи со убедливи 4:0 на пријателскиот натпревар со Боливија, резултат со кој дополнително ја загреа атмосферата во пресрет на простувањето на Лео Меси од националниот тим. Меси очекувано не беше дел од средбата одиграна во Кордоба, а стрелци на головите биле Лаутаро, Паз, Ромеро и Лопез.








