Моника Белучи му е идеал - Игор Џамбазов откри кои Македонки му се најубави: „Имаме многу интересни жени...“
Игор Џамбазов не ја крие фасцинацијата од италијанската актерка Моника Белучи, а неговата воодушевеност од неа редовно ја покажува и на социјалните мрежи. Македонскиот актер и шоумен често споделува фотографии од славната актерка на својот Инстаграм профил, со што јасно става до знаење дека таа е една од жените што особено го привлекуваат неговото внимание.








