Африканската Венеција крие сурова реалност: 250.000 луѓе живеат во дрвени куќи на вода, децата на училише одат со кануа, а државата сака да се ослободи од неа

Во секоја куќа живеат помеѓу шест и десет луѓе. Таму има и две училишта - едно на копно и едно на море. Наместо училишен автобус, секое утро децата ги собира училишно кану. Макоко е уникатна населба која е тешко да се класифицира. Се наоѓа на нигерискиот брег, и додека дел од неа е „закотвен“ на копно, дел плови. Затоа се нарекува Венеција на Африка.