Едно од најспектакуларните возења во регионот: 12 километри низ тунели и стрмни кривини на над 2.000 метри надморска височина
Во словенечките Јулиски Алпи, недалеку од границата со Италија, или поточно сè до границата кај Мангартското седло на 2.055 метри надморска височина, се извива патот Мангарт, највисокиот пат во Словенија. Патот се наоѓа во рамките на Националниот парк Триглав, а неговите спектакуларни погледи привлекуваат љубители на планините, мотоциклисти, велосипедисти и патници во потрага по необични панорамски возења.








