Врчак се врати на Макфест по подолго време - слушнете ја „Сонце по дожд“ со Симона Поповска
Раде Врчаковски – Врчак и Симона Поповска на 41. издание на „Макфест“ се претставија со дуетот „Сонце по дожд“, соработка која привлече внимание и поради враќањето на Врчак на македонската музичка сцена, но и поради повторното музичко обединување со Симона. Нивната приказна не започнува сега, бидејќи соработуваат уште од времето кога Симона беше дел од продукцијата Република, а идејата за заедничката песна „Сонце по дожд“ постои веќе околу две години.








