Нема седатив за ваква љубовна болка: Марија Спасовска буди возбуда како алкохол во крвта со - „100 промили“

Младата македонска музичка кантавторка и пејачка Марија Спасовска ја објави својата нова песна „100 промили“. Вообичаено, песната е проследена и со официјален видеоспот, кој веднаш по премиерата е достапен на нејзиниот канал на YouTube, како и на сите дигитални музички платформи. Инаку „100 промили“ е уште едно музичко парче од новитиот сет песни кои се најдоа на нејзиниот дебитантски албум „Седатив“, кој излеза пред почетокот на летото.