„Занаду“, нашите „Идоли“ со музичка разгледница

Занаду доаѓаат од Скопје, зад себе имаат два студиски албума, а оваа година го потпишаа првиот дискографски договор со хрватската независна издавачка куќа interstellaR. „Разгледница“, како и претходната тема „Ураган“, многу лесно влегува во уво поради својот заразен ритам и мелодиски убавиот рефрен, а со својата топлина и романтика потсетува на легендарните Идоли.