Од Струга до големата евровизиска сцена: Ана Стојаноска ќе пее за Македонија на Детска Евровизија во Малта

Македонија и годинава ќе има свој претставник на големата европска детска музичка сцена. Младата пејачка Ана Стојаноска ќе нè претставува на Детската Евровизија, каде што пред европската публика ќе настапи со песната „Идната Јас“.