Кој знак се крие зад „Карамела“?: Теа Трајковска го најави својот нов „ASTRO“ свет

Теа Трајковска влегува во нова музичка фаза со „ASTRO“, проект во кој музиката, астрологијата и визуелниот израз се спојуваат во една заокружена приказна. Новиот EP носи четири песни инспирирани од четири хороскопски знаци, а прва пред публиката пристигнува „Карамела“, посветена на Вагата.