Американскиот кошаркар и интернет сензација, Мат Киатипис - „МК“, неодамна ја посети Македонија, а престојот во земјава го претвори и во музичка приказна. Во соработка со еден од најактуелните македонски урбани артисти, Young Dadi, ја објави песната „Pick N’ Roll“.