Ивона Јо пред „Полиграф“ - искрена за бракот, љубовта и животот по загубата на татко ѝ: „Дел од фамилијата не ми зборува зошто сум кажала 'да' пред да помине 1 година од смртта на тато“
Пејачката Ивона Јо отсекогаш важела за една од оние јавни личности кои не се плашат да ја покажат и својата ранлива страна. Наместо да ја прикажува само убавата страна од животот, таа низ годините отворено зборуваше и за периодите кога не ѝ било лесно – за булингот со кој се соочувала додека растела, за несигурностите, борбата со сопствената слика и анксиозноста, но и за моментите кои ја промениле засекогаш.








