Внукот на Владо Јаневски откри дел од приватниот свет на пејачот: „Сѐ се случи многу брзо, мислевме дека е обична болка, но...“

„Сè се случи многу брзо, и нас како фамилија, не нè фати на препад, но беше многу брзо. Мислевме дека е обична болка, но испадна дека е тоа што е. Владо како приватен човек, имаше школка од надворешниот свет. Ние го знаевме како многу дарежлив, фамилијарен човек, но беше дистанциран во неговиот свет. Никогаш не го доживував како пејач, кога ќе ми кажеа вујко ти што песна напишал, за мене бил вујко и сум го гледал поинаку“.