Немале машини ниту пари - 13 локални жители тунелот на оваа планина го пробиле со чекани
Во изградбата на тунелот Гуолијанг, кој минува низ страничниот дел на планината Тајханг во Кина, се потрошени 4.000 чекани, а го граделе само 13 локални жители... За да стигнат дома, жителите на кинеското село Гуолијанг во Хуејсјан, во провинцијата Хенан, мора да патуваат низ тунел изграден во планината Тајханг. Станува збор за тунел долг 1.200 метри, широк 4 метри и висок 5 метри, кој претставува единствен начин за да стигнат до своите домови.








