Google повторно го критикува Apple во најновата реклама

Google објави кратко промотивно видео во кое директно ја критикува Apple и нејзиното доцнење во воведувањето на вештачката интелигенција на iPhone-ите. Тизер видеото, насловено како „Pixel 10 | Soon“, трае 30 секунди и користи минималистички тон за да сугерира дека Apple сè уште не ги испорачало функциите за вештачка интелигенција што ги најави во 2024 година со iPhone 16.