Беснеел на аеродром во Италија: Кршел со чекан, запалил оган…

Вистинска драма се одвиваше утрово на аеродромот Малпенса во Милано кога маж вооружен со чекан почна да ги уништува мониторите во зоната за пријавување на патници на Терминал 1. Освен што кршеше опрема, тој се обиде да запали и канти за отпад, предизвикувајќи паника кај патниците.