Андријана Јаневска ѝ даде нова душа на „Каде сте Македончиња“

Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ продолжува со силен патриотски порив да ги буди сеќавањата, љубовта и достоинството на македонскиот народ – овој пат преку изведбата на Андријана Јаневска на песната „Каде сте Македончиња“, композиција која одамна не е само музика, туку симбол на болка, надеж и национална свест.