Мртов кит се насукал на брегот, а потоа експлодирал: Претходно го наполниле со 450 килограми динамит

Поминаа повеќе од 50 години, а луѓето сè уште го прераскажуваат бизарниот настан снимен на брегот на Орегон. Безживотно тело на кит, долго 14 метри и тешко осум тони, се насукало на плажа во Фиренца. По неколку дена почнало неверојатно да „смрди“, па надлежните реагирале.