Вучиќ во Мостар се налути поради прашање за Сребреница: Не прекинувајте ме, проблемот е во тоа што измислувате

„Не е вистина, не измислувајте. Утврдено е дека Србија во никој случај не е одговорна за геноцидот, само да се има предвид. Не доведувајте го во заблуда народот како што вие ги мамите луѓето во Сараево дека сум носел снајперист и сум пукал во некого. Не прекинувајте ме“, му се обрати Вучиќ на новинарот.