Општина Кисела Вода: Нова акција за отстранување на хаварисани возила

Макфакс

27/11/2026

14:20

434

Големина на фонт

а а а

Општина Кисела Вода започна нова акција за отстранување на хаварисани возила од јавните површини, со цел ослободување на паркинг-места и подобрување на проодноста во општината.

Нова акција за подигнување на хаварисани возила се одвива низ територијата на Општина Кисела Вода, информираат од општината.

Општинските инспектори и претставници на лиценцираната фирма за постапување со отпадни возила се на терен и ги отстрануваат неупотребливите автомобили од јавните површини.

Постапувањето, како што појаснуваат, се спроведува согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад, при што на овие возила претходно им беа поставени налепници со известување за нивно отстранување.

„Дел од сопствениците сами ги тргнаа своите возила по оставените известувања, додека оние кои не ги испочитуваа дадените опомени и рокови се подигнати со акцијата на терен.
Целта на акцијата е ослободување на узурпираните паркинг-места и зголемување на проодноста на јавните површини. Упатен е јавен апел до сопствениците да не ги оставaат неупотребливите возила на паркиралиштата и тротоарите, бидејќи инспекцискиот надзор и отстранувањето на ваквиот отпад ќе се одвиваат континуирано на територијата на целата општина“.