Лила Филиповска повторно ужива во едно од своите омилени хобија – патувањата и откривањето на светските метрополи. Познатата македонска водителка важи за вистински хедонист, жена која знае да ги искористи слободните моменти за уживање, нови доживувања и посети на атрактивни дестинации.
Овојпат нејзината патувачка авантура ја однесе во романтичниот Париз, градот на светлината, модата и љубовта. Лила деновиве ужива во француската престолнина, од каде што со своите следбеници на социјалните мрежи споделува фотографии кои изгледаат како вистински разгледници.

Преку објавите таа доловува дел од париската атмосфера, шармантните улици и препознатливиот амбиент на градот, а нејзините фотографии повторно привлекоа внимание кај оние кои редовно ги следат нејзините патувања.
„Некои градови ги посетуваш. Париз едноставно го доживуваш. И така веќе три пати и секогаш сакаш повторно“, напишала водителката под објавата.

Лила никогаш не криела дека сака да патува, да посетува нови места и да ужива во убавите нешта што ги нуди животот. Без разлика дали станува збор за егзотични дестинации, луксузни одморалишта или европски метрополи, водителката секогаш знае да го претвори секое патување во своја мала животна авантура.

А Париз, со својата неповторлива елеганција и романтична атмосфера, очигледно е уште една дестинација на која Лила со задоволство му се препушти на хедонизмот.


















