Зимава, студот е топлина, а ноќта е светлина – Концертен декемвриски серијал „ЗИМСКА СИМФОНИЈА“ на Sarah Mace & The Girlzz со Божиќниот оркестар!

Точка

25/11/2026

13:10

546

Големина на фонт

а а а

Крајот на годината е сè пократок, а групните пораки веќе се исполнети со планови за пречек на новата година и можеби малку поинаков декември.

Sarah Mace & The Girlzz (вокалниот квартет Ана Петановска, Калина Велковска, Теа Богатинова и Сара Мејс) заедно со Божиќниот оркестар, под палката на Иван Еминовиќ, претставуваат нова ЗИМСКА СИМФОНИЈА за македонската јавност. 

Годинава, по петти пат, препознатливиот зимски проект, во последниот месец од годината, добива поинаква зимска димензија, со интерактивна сценска приказна и волшебен музички перформанс за сите генерации. 

Празничниот концертен музички серијал, исполнет со светски и домашни новогодишни хитови, со сигурност ќе го стопли секое срце во публиката. Организаторот „Евентум“, засега го најавува концертот во Скопје, а наскоро ќе сподели повеќе детали за останатите декемвриски концерти низ Македонија. 


По успешните турнеи во изминатите години, овој состав за првпат најавува концертно доживување во Македонската опера и балет на 20 декември 2026. 

Билетите за концертот во Скопје се веќе во продажба на E-ticket.mk преку следниов линк - https://e-ticket.mk/events/zimska-simfonija-2026-skopje 

Годинешниот концертен проект е поддржан од главниот партнер, Пелистерка, кои ја започнаа општествено одговорната кампања за стоп на фемицидот во Македонија.

Воедно, Сара Мејс, во екот на актуелните општествени виулици од вести, во претстојните денови најавува одмрзнување на ново музичко изненадување со снежна порака. За што станува збор, останува да дознаеме.