Битиќи: Власта ги одби сите амандмани на СДСМ за буџетот

Макфакс

24/11/2026

12:20

196

Големина на фонт

а а а

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, ја критикува власта за одбивање на сите амандмани на опозицијата во расправата за буџетот, вклучително и предложеното зголемување на минималната плата на 600 евра, нагласувајќи сериозни недостатоци и недостаток на развојна перспектива во предложениот буџет.

Власта ги одби сите амандмани на СДСМ во досегашните три дена од амандманската расправа за буџетот, меѓу кои и предлогот за зголемување на минималната плата на 600 евра, и покрај тоа што тие се однесуваат на подобрување на животниот стандард на граѓаните и унапредување на повеќе важни области, посочи пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, оценувајќи дека предложениот буџет има сериозни недостатоци и не нуди развојна перспектива.

„Да не заборавиме, имавме предлог за зголемување на минималната плата на 600 евра. Иако имаме некакво убедување дека тие самите тоа ќе го направат некако, ќе видиме во наредниот период. Но, изгледа во оваа држава предлозите кога доаѓаат од опозицијата не чинат за граѓаните, туку парите од владејачкото мнозинство се подобри за граѓаните“, изјави Битиќи.

Тој посочи дека власта не покажа подготвеност да прифати ниту еден од предложените амандмани, иако, како што рече, станува збор за сериозни предлози кои би го подобриле квалитетот на живот на граѓаните.

„Во трите дена амандманска расправа од страна на владејачкото мнозинство не е покажан слух за ниту еден амандман, иако има сериозни и добри амандмани кои би требало да го подобрат квалитетот на живот на граѓаните. Ние како опозиција до крај ќе се бориме да ја покажеме другата страна на медалјата, односно вистината дека зад ова не се крие развоен проект, дека има сериозни недостатоци и дека државата не оди во добар правец, особено во управувањето со јавните финансии“, порача Битиќи.