Уапсени седум возачи изминатото деноноќие: Возеле без положен возачки испит

Макфакс

24/11/2026

11:10

117

Големина на фонт

а а а

Во изминатото деноноќие седум возачи се уапсени поради управување со моторно возило без положен возачки испит во различни делови на државата. Министерството за внатрешни работи апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила за поголема безбедност на патиштата.

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода седум лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

„Сите седум лица управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за А.С.(25) и М.С.(19), двајцата од Скопје, И.Ќ.(36) од село Долно Палчиште, Општина Боговиње, Д.М.(20) од Гостивар, Т.К.(50) од село Близанско, Општина Македонски Брод, Д.С.(40) од Радовиш и С.М.(23) од Прилеп.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол. Само со одговорно однесување на секој учесник можеме заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај и заштита на човечките животи“, соопшти МВР.