Играчите почнаа да ги споделуваат своите мислења за „GTA 6“, кои, судејќи според „Metacritic“, не се баш сјајни

Точка

23/11/2026

14:38

564

Големина на фонт

а а а

Иако критичарите ја испофалија „Grand Theft Auto 6“, играчите што решија да го изнесат своето мислење и да ја оценат играта на „Metacritic“ не беа толку дарежливи.

Феноменот наречен „Grand Theft Auto 6“ и понатаму ги полни медиумите со најразлични детали. Така, од „Rockstar“ порачаа дека главниот лик Џејсон е создаден по примерот на Стив Меквин, кој повеќе зборува со својата појава отколку со репликите од сценариото, како и врз основа на истражување на однесувањето на воените ветерани што „не отвораат уста“ освен ако тоа не е неопходно. Понатаму, откриено е дека играчите можат да отклучат уште две радиостаници, „The Vault Radio“ и „Kodak Black“, со скенирање постери во ноќните клубови, дека претпродажните нарачки надминале 32 милиони примероци, а продажбата во првиот ден достигнала 3,79 милијарди долари, и така натаму.

Медиумите, пак, прилично ја испофалија „Grand Theft Auto 6“, па според „Metacritic“, просечната оценка изнесува 99 од 100. Но, откако кон крајот на минатата недела на споменатиот портал беше отворена можноста самите играчи да коментираат и да доделуваат оценки, делото на „Rockstar“ не изгледа толку блескаво како што сугерираат критичарите. Имено, врз основа на речиси 100.000 коментари, просечната корисничка оценка во моментов изнесува 5,6 од 10.*


Секако, има и такви што ѝ доделиле нула на играта без воопшто да ја играат, но со краток преглед забележавме дека играчите главно се жалат на сè и сешто: од фактот дека во средиштето на приказната е љубовна романса и дека слободата е само привидна, до лошата оптимизација и главниот јунак што нема никаков карактер.


Накратко, сметаат дека тоа не е „GTA“ каква што треба да биде. Додуша, мислиме дека на авторите ваквите критики не им се пријатни и дека поради нив можеби и плачат, но штом ќе ги избришат солзите со силните долари што ги заработиле, сигурно ќе им биде многу полесно.