Навивач на Евертон глумел тренер во спалната соба, сè додека сопругата не го снимила и не почнала да му се потсмева. Снимката го обиколи светот, а клубот го покани да одржи вистинска прес-конференција.
37-годишниот маж, познат на социјалните мрежи под прекарот „The Fat Centre Back“, ја играл играта „Football Manager“, а по натпреварот одржал импровизирана прес-конференција во улога на тренер на Евертон. Сето тоа го правел седејќи во спалната соба.
Тогаш во собата влегла неговата сопруга и го снимила.
„Имаш 37 години, две деца, а седиш во спалната соба, играш „Football Manager“ и се преправаш дека водиш екипа“, му рекла таа.
"Morning, 'gaffer'!" 🤣 https://t.co/4qQemXGDqc
— Everton (@Everton) November 18, 2026
Снимката брзо се проширила на социјалните мрежи и стигнала до клубот. Евертон одлучил да му го оствари сонот на навивачот и го поканил да одржи прес-конференција во просториите на клубот.
На снимката што клубот ја објави во средата, навивачот го пречекал и капитенот Џејмс Тарковски.
„Добро утро, тренеру“, го поздравил Тарковски.
„Добро утро, капитене“, одговорил навивачот, кој подоцна изјавил дека „на сите им раскажал дека капитенот бил таму“.








