Луѓе, ова е дива свиња или мачка?! Снимката од регионот ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи

Точка

16/11/2026

11:53

1.355

Големина на фонт

а а а

Необична глетка е снимена во Бач, кај Рожаје, каде што дива свиња успеала да се искачи на ѕид што на прв поглед изгледал несовладлив.

На снимката што стана вирална на социјалните мрежи се гледа како животното се искачува на ѕид висок до 2,7 метри, на изненадување на сите што ја виделе оваа несекојдневна сцена.

Особено внимание привлече спретноста со која дивата свиња ја совлада пречката висока речиси три метри. По начинот на кој се искачи, потсети на мачка, позната по својата неверојатна вештина за качување.

„Личните тренери треба да го пуштаат ова видео за да покажат дека ништо не е невозможно“, „Во форма, и тоа со висок процент масти“, „Ова не е дива свиња, туку ротвајлер“, „Очигледно, повеќето не знаат за каков ѕвер станува збор … Да требаше да помине низ ѕидот, ќе поминеше“, „Свински Спајдермен“ – ова се само дел од коментарите под објавата на страницата „podgoricki_vremeplov“.