Совети од М-р фармацевт Марија Поповска: Заштитете ја кожата навреме, бидејќи стареењето почнува пред да се појават првите знаци

Точка

13/11/2026

14:19

369

Големина на фонт

а а а

Чувството на здрава и нежна кожа ни дава самодоверба и помага да се чувствуваме пријатно и убаво. Но, за да ја одржиме кожата мазна и здрава, треба да ги препознаеме нејзините потреби и навремено да реагираме.

Затоа, експертите советуваат дека превентивната нега е најдобриот пријател на кожата по 25-тата година, а Eucerin Hyalluron-Filler + Longevity Epigenetic се токму производите кои ги барате. 

Стареењето на кожата започнува многу порано, пред воопшто да се појават првите видливи знаци, вели М-р фармацевт Марија Поповска од Гален Фарм во нејзиното најново TikTok видео. Таа ја отвора темата за здрава и негувана кожа, дури и на постари години, и предлага современо медицинско решение кое ја има совршената формула која ги намалува знаците на стареење на кожата. 

„Се работи за линија на моќни производи од Eucerin кои ги активираат гените против стареење и делуваат на клеточно ниво“, вели Марија Поповска.

Тајната на здравата и сјајна кожа ја знае Eucerin, чиј револуционерен пристап наречен Skin Longevity прави кожата да остане млада, нежна и еластична што е можно подолго време. Иновативната формула на Eucerin Hyalluron Filler + Longevity Epigenetic Serum дава видливи резултати по само 4 седмици користење, докажано ги намалува брчките, помага за регенерација на кожата и прави таа да изгледа помладо.  


Оваа линија на производи е збогатена со Epicelline® - целосно нова формула создадена во лабораторијата на Eucerin, која делува длабоко и ги подмладува клетките на кожата, ја подобрува нивната ефикасност и ги реактивира гените на младоста. 

Со секојдневна употреба на линијата Epicelline® ќе ѝ ја дадете на вашата кожа поддршката која ѝ е потребна во битката против годините и стареењето, а вие ќе се чувствувате позадоволни и посреќни во сопственото тело. 


Наутро користете го Epigenetic серумот со Epicelline®, а над него нанесете ја новата Hyalluron-Filler + Longevity дневна крема со заштитен фактор. А пак навечер, откако ќе го нанесете Epigenetic серумот со Epicelline®, аплицирајте ја Hyalluron-Filler + Longevity ноќната крема, за кожата што подолго да остане хидрирана и здрава. Почувствувајте ја магичната моќ на Eucerin на сопствената кожа!