Одговорот на ова прашање ќе го дознаеме на 15 ноември, кога 16-те најдобри гејмери од Македонија ќе се соочат на националното Red Bull Wings Cup финале, со една цел: да ја освојат националната титула и да нè претставуваат на светското финале во Мајами.
Патот до националното финале започна во октомври, 2026, со отворањето на пријавите за Универзитетската и Отворената лига, а за само неколку недели, натпреварувањето собра 739 регистрирани играчи од цела Македонија, кои одиграа повеќе од 690+ EA SPORTS FC™ 27 натпревари. Квалификациската трка освен онлајн, се одвиваше и во четири градови, опфати четири универзитети и осум факултети, а сега најуспешните 16 играчи од двете лиги се подготвени за последниот предизвик пред светското финале во САД.
Но, националното финале носи и поинакво гејминг искуство, бидејќи на 15 ноември, со почеток од 18 часот, Cineplexx во Skopje City Mall ќе се претвори во гејминг арена, каде што финалистите ќе ги одиграат решавачките натпревари пред публика, на големото платно. Најдобриот играч ќе добие можност да ја претставува Македонија на светското Red Bull Wings Cup финале во Мајами, каде што ќе се сретне со најдобрите гејмери од 80 земји ширум светот и ќе ги покаже своите фудбалски вештини и надвор од виртуелниот терен, преку реални фудбалски предизвици.
Националното финале ќе биде можност публиката одблизу да ја проследи цела EA SPORTS FC™ 27 акција, да ги поддржи Red Bull Wings Cup финалистите и да дознае кој од нив ќе нè претставува на светскота сцена следната година.
Сите љубители на фудбалот и гејминг фанатици се добредојдени на 15 ноември во 18 часот во Cineplexx, Skopje City Mall да ја проследат акцијата и да бидат дел од атмосферата.
За повеќе информации посети ја официјалната Red Bull Wings Cup веб-страна.








