Доналд Трамп најави дека сака да го реши прашањето за Куба пред да ја напушти функцијата, при што не ја исклучува можноста за употреба на воена сила. Тој опиша Куба како пропадната држава под комунистички режим и истакна дека добил силна поддршка од кубанската дијаспора во Флорида.
Доналд Трамп синоќа изјави дека сака да ја „реши состојбата во Куба“ пред да ја напушти функцијата, додавајќи дека неговата администрација „многу внимателно ја следи ситуацијата“. Претседателот на САД го изјави ова за време на разговор со конзервативниот радио-водител Хју Хјуит.
Трамп ја опиша Куба како пропадната држава. „Многу внимателно ги следиме; ситуацијата е многу лоша. Тоа е, во суштина, пропаднато место – нација, како и да сакате да го наречете“, рече тој.
PRESIDENT TRUMP: I want to get Cuba done before I leave, yeah. We have a very good, talented guy for Cuba named Marco. https://t.co/BLJILtcsAl
— Department of State (@StateDept) November 12, 2026
Трамп истакна дека добил силна поддршка од гласачите со кубанско потекло на Флорида. „Би сакал да можам да го направам тоа за тие луѓе – за Кубанците кои дојдоа овде откако таму се однесуваа многу лошо кон нив“, рече тој. Тој додаде дека државниот секретар Марко Рубио – чии родители се од Куба – „би сакал да го направи тоа“.
„Би ја разгледал воената опција“
На прашањето дали би употребил воена сила за да ја ослободи Куба од нејзиниот комунистички режим, претседателот одговори дека „секако би ја разгледал таа опција“. Трамп и во неколку претходни наврати навестуваше можност за интервенција. Претходно оваа недела, тој изјави дека верува оти Куба „наскоро ќе падне“.
„Куба пропаѓа. Тоа е држава која не функционира. Тие имаат идеологија многу слична на онаа што ја застапуваат демократите. Тоа е комунистичка, социјалистичка земја – во суштина, сè тоа споено во едно“, рече тој за време на брифинг со новинарите во понеделникот.
Тогаш тој одговараше на прашање дали сè уште планира да ја „преземе“ Куба, додавајќи дека САД ѝ помогнат на Куба „на хуманитарна основа“.
Trump: "Cuba is gonna be interesting. I imagine it will fall fairly soon." https://t.co/Wl3bIXe7ie
— Aaron Rupar (@atrupar) November 9, 2026
За време на Генералното собрание на Обединетите нации во септември, Трамп изјави дека САД бараат „фундаментална промена“ на островот. Во март, пак, тој изјави дека верува оти ќе ја има „честа“ да ја преземе Куба.
„Мислам дека можам да правам што сакам со неа. Без разлика дали ќе ја ослободам или ќе ја преземам, мислам дека можам да правам што сакам“, им рече тогаш тој на новинарите.












