[ФОТО] Роберт де Ниро не оди никаде без својата 36 години помлада девојка и - не ја испушта од вид...

Точка

13/11/2026

10:28

1.507

Големина на фонт

а а а

Роберт Де Ниро стана главна тема на социјалните мрежи откако во јавноста се појави со 36 години помлада партнерка.

Роберт Де Ниро (83) и неговата партнерка Тифани Чан (47) се појавија на премиерата на филмот „Focker-in-Law“ во Њујорк. Иако настанот собра бројни ѕвезди од светот на шоу-бизнисот, јавноста сепак „имаше очи“ само за нив. За оваа пригода, двојката одлучи да носи полежерни модни комбинации.


И додека Де Ниро носеше поедноставни модни парчиња – кадифени панталони кои ги комбинираше со темно сива ролка и црна јакна, неговата сакана Тифани донесе малку поформални парчиња.

Како што можете да видите, таа избра интересен фустан со кариран дезен во сина боја, кој е украсен со лежерен и опуштен крој. На својот стајлинг додаде темно-сив џемпер и чанта.

Што се однесува до шминката, таа остана верна на својот природен изглед, користејќи земјени тонови и минимална количина на производи за шминка.


Патем, Де Ниро и Тифани ја започнаа својата врска во 2021 година, а во 2023 година ја добија својата ќерка Џија. Веста за новодојденецот во семејството изненади многумина бидејќи актерот јавно не зборуваше за бременоста на својата партнерка, но ниту за тоа дека ќе има седмо дете на толку доцна возраст.