Винисиус Жуниор воодушеви момче кое во војна ги загуби двете нозе

Точка

11/11/2026

16:44

374

Големина на фонт

а а а

Ја пофали неговата храброст и го покани на натпревар.

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, му приреди несекојдневно изненадување на тринаесетгодишниот Захер од Судан. Тој му испрати видеопорака во која ја пофали неговата голема храброст, пишува „BBC“.

Познатиот бразилски напаѓач го покани момчето да поминат еден ден заедно на еден од натпреварите на мадридскиот клуб, давајќи му поддршка по тешката животна борба.

Захер ги загуби двете нозе во напад со дрон во Картум, додека судирите меѓу суданската војска и паравоените Сили за брза поддршка („RSF“) продолжуваат да ја разоруваат земјата. Кога новинарската екипа првпат го запозна во 2025 година, момчето раскажа дека сонува повторно да прооди и да заигра фудбал.


Неговата потресна приказна силно одекна меѓу гледачите, по што беа собрани пари за неговото лекување во Каиро, вклучително и за изработка на протези.

По операцијата следуваа месеци напорна физикална терапија и психолошка поддршка во египетската престолнина.


По успешното закрепнување, Захер се врати во родниот Судан, а пораката од бразилскиот репрезентативец му даде дополнителна сила.

Како што вели самиот Захер, зборовите на поддршка што му ги упати Винисиус Жуниор му го кренале духот и му дале нов полет.