„Не постои магична таблета“: Познатиот кардиолог откри што е најважно за долг живот – оваа навика ја става пред сите други, а многумина упорно ја занемаруваат

Точка

10/11/2026

13:00

1.490

Големина на фонт

а а а

Што е навистина најважно ако сакаме да живееме долго, но и да останеме здрави во подоцнежните години од животот? Додека многумина трагаат по скапи суплементи, посебни режими на исхрана и чудотворни методи за подмладување, познатиот американски кардиолог Ерик Топол истакнува нешто многу поедноставно.

Ерик Топол, кардиолог, научник и директор на Институтот за транслациски истражувања „Scripps“, со години проучува како луѓето можат да го зачуваат своето здравје во текот на стареењето. Според неговите зборови, една секојдневна навика има особено големо значење за здравото стареење – физичката активност.

Во интервју за Медицинскиот факултет на Универзитетот Стенфорд, тој зборувал за сознанијата претставени во неговата книга „Super Agers“, посветена на луѓето кои и во длабока старост остануваат физички и ментално здрави. Неговата порака е особено интересна бидејќи акцентот не го става на „магични“ препарати, туку на навики што им се достапни на голем број луѓе.


„Најважна за срцето е физичката активност“

Кога го прашале што можат да направат луѓето за да ги зголемат шансите за долг и здрав живот, Топол посебно го издвоил вежбањето. Според неговото објаснување, физичката активност го зазема првото место меѓу важните животни навики, бидејќи истражувањата го покажуваат нејзиното големо влијание врз здравјето.

Сепак, не е доволно само повремено да се прошетате или неколкупати неделно да одите во теретана. Топол го нагласува значењето на различните облици на движење – аеробните активности, вежбите за сила и вежбите за рамнотежа. Аеробните активности, како што се брзото одење, возењето велосипед или пливањето, придонесуваат за здравјето на срцето и крвните садови.


Познатиот кардиолог призна дека и самиот морал да промени една навика

Иако физичката активност ја ставил на прво место, Топол во разговорот посебно нагласил уште еден важен фактор – квалитетниот сон. Тој признал дека претходно не посветувал доволно внимание на сопственото спиење.

Како што објаснил, проблемот не бил само во бројот на часови што ги поминува во кревет, туку и во квалитетот на сонот, поради што одлучил да ги промени своите навики. Сонот има важна улога во регулирањето на бројни процеси во организмот, вклучувајќи ја работата на имунолошкиот систем, метаболизмот и здравјето на срцето.

Долготрајните проблеми со спиењето се поврзани со поголем ризик од одредени хронични заболувања, па затоа редовниот и квалитетен одмор е важен дел од грижата за здравјето.


Срцевите заболувања можат да се развиваат многу пред појавата на првите симптоми

Топол предупредува и на важноста на навремената превенција.

Во друго интервју, посветено на иднината на кардиологијата, објаснил дека атеросклерозата, односно таложењето наслаги во артериите, може да почне да се развива уште во младоста.

Затоа, едно лице може со години да нема очигледни здравствени проблеми, иако во крвните садови веќе се случуваат промени. Токму поради тоа, тој смета дека иднината на медицината е во препознавањето на ризиците пред да се појават сериозни заболувања.

Тоа подразбира следење на факторите на ризик, како што се крвниот притисок и холестеролот, но и приспособување на превентивните прегледи според потребите на секој поединец.