Фризер, шминкер, инфлуенсер и човек кој стои зад изгледот на дел од македонските јавни личности. Октај Сејди е име кое сè почесто се споменува во светот на убавината и естетиката, а покрај професионалниот ангажман во својот салон, неодамна ја претставуваше Македонија и на меѓународниот избор за убавина „Мистер Интернешнл“.
Овојпат, тој беше гостин во подкастот „Полиграф“ кај Стефанатор, каде што доби можност да зборува за повеќе аспекти од својот живот – од професионалните предизвици и работата со познати личности, до приватните односи, љубовта и ставовите за верноста во една врска.
Како човек кој секојдневно работи со изгледот, стилот и убавината, Сејди откри повеќе за работата во сопствениот салон, за патот што го поминал за да изгради име во оваа професија, но и за предизвиците со кои се соочува зад камерите и надвор од светот на социјалните мрежи.
❓„Дали е вистина дека твојот салон ти е поклонет?“.
✨„Никако, тој салон е земен, купен со многу труд. Веќе долги години сум во Македонија и работам. Какво е тоа прашање, некој да ми купи? Ако ви кажам дека до ден денес никој ништо ми нема купено или подарено, сè сам сум постигнал и за тоа Бог ми е сведок“.
Разговорот се осврна и на неговиот однос со Нина Ред, како и на искуството од учеството на „Мистер Интернешнл“, каде што имаше можност да ја претставува Македонија и да се запознае со сосема поинаква конкуренција и средина.

❓„Дали во Дубаи се скаравте со Нина Ред?“.
✨„Знаев дека ќе следи ова прашање... Ние не се скаравме на лош начин. Не се скаравме, но решивме дека повеќе нема да се дружиме. Да, во Дубаи. Немаме некои лоши односи. Немаме лоши спомени, јас ја ценам и продолжувам да ја ценам и се радувам на секој нејзин успех“.
❓„Дали помеѓу тебе и Нина некогаш имаше љубовни емоции?“.
✨„Одговорот е не, а и немаме никаде таква изјава дадено“.

❓„Дали Нина ти беше вистински пријател?“.
✨„Можам да кажам дека повеќе јас сум ѝ бил повеќе вистински пријател отколку таа мене, според мене“.
Од професионалните амбиции и искуството на меѓународната сцена, па сè до љубовните дилеми и личните ставови, Октај Сејди во „Полиграф“ покажа и една поинаква страна од онаа што јавноста најчесто ја гледа преку неговата работа и објавите на социјалните мрежи.








