Шефицата на Европската централна банка си заминува: два кандидати во трка за нејзин наследник

Макфакс

06/11/2026

19:57

335

Големина на фонт

а а а

Двајцата кандидати за нов претседател на Европската централна банка се шпанецот Пабло Ернандес де Кос и холанѓанецот Клас Нот, кои ќе го наследат Кристин Лагард која предвреме ќе си замине. Процесот на избирање се одвива преку засилено квалификувано мнозинство на земјите-членки на еврозоната, а министрите за финансии ќе ги разгледаат кандидатурите на следниот состанок.

Шпанецот Пабло Ернандес де Кос и Холанѓанецот Клас Нот се двајцата кандидати за позицијата нов претседател на Европската централна банка (ЕЦБ), кои ќе го наследат актуелниот претседател, Кристин Лагард, која предвреме ќе се повлече од функцијата на 7 февруари. Ова денеска го соопшти претседателот на Еврогрупата, Киријакос Пиеракакис.

Лагард потврди дека ќе ја напушти својата функција порано следната година, наместо во октомври. Таа објасни дека правилата за неутралност, кои се составен дел од нејзината позиција, ја спречуваат да учествува во дискусии за клучни финансиски и економски прашања.

Двајцата кандидати претходно извршувале функции гувернери на нивните национални централни банки. Министрите за финансии од еврозоната ќе ги разгледаат овие две кандидатури на нивниот следен состанок, кој ќе се одржи за три дена. Членовите на Извршниот одбор на ЕЦБ, вклучително и претседателот, се именуваат од страна на шефовите на држави или влади на земјите-членки на еврозоната, по предлог на нивните министри за финансии.

Одлуката се носи со засилено квалификувано мнозинство од земјите-членки на еврозоната. За вакво мнозинство е потребна поддршка од најмалку 72 отсто од земјите-членки на еврозоната – односно најмалку 16 од вкупно 21 земја – кои заедно претставуваат најмалку 65 отсто од населението на еврозоната.

На 29 октомври, претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, го извести претседателот на Европскиот совет дека предвреме ќе се повлече од функцијата, со важност од 7 февруари 2027 година. По ова, претседателот на Еврогрупата – телото што ги обединува министрите за финансии од еврозоната – побара од земјите-членки да ги достават своите номинации најдоцна до 6 ноември.