Зоран Азманов пријавил физички напад во Граѓанскиот суд во Скопје

Точка

06/11/2026

13:28

747

Големина на фонт

а а а

Случајот бил пријавен во СВР Скопје во 09:47 часот, потврдило МВР за „Плусинфо“. Полицијата ги утврдува околностите на инцидентот.

Бизнисменот Зоран Азманов утрово пријавил дека бил физички нападнат во просториите на Основниот граѓански суд во Скопје. Пријавата е примена во 09:47 часот, соопштило МВР за „Плусинфо“.

Според пријавата, 67-годишниот Азманов бил нападнат од 61-годишен маж. Од СВР Скопје преземаат мерки за расчистување на случајот.

Зоран Азманов, архивска фотографија

Зоран Азманов, архивска фотографија

„Либертас“, повикувајќи се на „Скопје1“, пренесе дека, според неофицијални информации, инцидентот се случил за време на рочиште. Засега нема официјални информации што му претходело на инцидентот или дали Азманов се здобил со повреди.

Азманов е директор на градежната компанија „Настел“.

Насловна фотографија: илустративна фотомонтажа