Темната страна на ТикТок: Европската комисија предупредува дека алгоритамот може да го загрози менталното здравје

Точка

06/11/2026

16:05

539

Големина на фонт

а а а

Европската комисија денес ги објави прелиминарните заклучоци според кои социјалната мрежа ТикТок го прекршила Законот за дигитални услуги (ДСА) поради штетното влијание на алгоритмот, кој ги насочува корисниците кон непрекината низа од слични видеоснимки и на тој начин ги задржува на платформата.

Официјалните лица во Брисел наведуваат дека алгоритмот на ТикТок за прикажување содржини „За тебе“ (For You) постојано им прикажува на корисниците персонализирани видеоснимки кои, кога се однесуваат на ментални проблеми, осаменост или перцепција на сопственото тело, можат сериозно да го загрозат нивното психичко здравје, особено кај ранливите возрасни лица и малолетниците.

Истрагата покажа дека ТикТок не направил соодветна проценка за тоа како неговиот алгоритам ги воведува корисниците во маѓепсан круг на постојано повторување на слични содржини.


Алгоритмот ги толкува податоците за ангажираноста на корисниците, како што се времетраењето на гледањето и лајкувањето, како и повторното гледање содржини поврзани со слабеење или нарушувања во исхраната, како позитивен сигнал, по што продолжува да препорачува слични материјали.

Покрај тоа, Комисијата оценила дека постоечките мерки за ублажување на ризиците не се делотворни, бидејќи алатките за разновидност на содржината не ја намалуваат зачестеноста на штетните снимки, додека копчето „не сум заинтересиран“ има помало влијание врз алогритамот од самото време поминато гледајќи видеоснимка.

Комисијата смета дека ТикТок мора го промени дизајнот на фидот (feed) така што ќе им даде поголемо значење на експлицитните поставки од страна на корисникот, да го укине времето поминато во гледање како примарен индикатор за препорачување содржини и редовно да го тестира алгоритмот.


ТикТок сега има можност да изврши увид во документацијата и да достави писмен одговор на прелиминарните наоди, додека паралелно ќе биде консултиран и Европскиот одбор за дигитални услуги, наведува Европската комисија на својата веб-страница.

Доколку прелиминарните проценки бидат официјално потврдени, Европската комисија може да донесе конечна одлука за неусогласеност и да изрече парична казна во висина до шест отсто од вкупниот годишен глобален промет на ТикТок.