Го препознавате ликот на сликата? Со него Маск му одговори на Алтман

Точка

02/11/2026

18:31

755

Големина на фонт

а а а

Сем Алтман неодамна даде крајно спорна изјава за RAM-меморијата, а Илон Маск, секако, не можеше да ја пропушти можноста да ја прокоментира во свој стил.

Изјавата на Алтман се однесуваше на светскиот недостиг од RAM-меморија, за што меѓу редови ги обвини, ни помалку ни повеќе, обичните корисници.

„Од аспект на глобалната распределба, прилично е ужасно тоа што луѓето чуваат голем дел од ограничените светски залихи на DRAM-меморија во сопствените компјутери, а ја користат само пет отсто од времето“, рече Алтман во еден подкаст.

„Сакате максимална искористеност во облакот додека се обидувате да се справите со услови во кои снабдувањето е многу ограничено. Многумина го прават спротивното“, додаде првиот човек на „OpenAI“.

Маск не можеше да премолчи, па напиша: „И народот заслужува да има RAM!“ Притоа објави мем со нацистички војник од филмот на Тарантино „Inglourious Basterds“, само што тука, како што сугерира Маск, тој трага по луѓе кои кријат RAM-меморија во своите домови.

Јасно е зошто Алтман размислува така, бидејќи империјата на „OpenAI“ сепак зависи од тоа дали вештачката интелигенција ќе има на располагање доволно RAM-меморија. Сепак, не би му наштетило да биде малку повнимателен во своите јавни настапи — и онака не ужива преголема популарност кај јавноста, а ваквите непромислени изјави би можеле дополнително да му го нарушат угледот.