[ВИДЕО] Мајка ѝ ставила долги вештачки нокти на малата ќерка: Предизвикала лавина критики

Кармин

06/11/2026

08:01

693

Големина на фонт

а а а

Една мајка предизвикала дебата на социјалните мрежи откако објавила видео од својата малечка ќерка со долги вештачки нокти. Девојчето на рацете имало нокти украсени со розови и бели дезени.

Додека за некои глетката била симпатична, други остро ја критикувале мајката поради можните опасности за детето, пишува „Сан“.

Многумина предупредија дека девојчето би можело да се повреди

Видеото привлече бројни коментари, а многумина предупредија дека девојчето со толку долги нокти може случајно да се повреди, на пример, да се изгребе по лицето или окото.

Некои ја спомнаа и хигиената, односно можноста за насобирање нечистотија под ноктите, додека други изразија загриженост дека детето би можело да проголта вештачки нокт доколку се одлепи.

„Ова е многу опасно. Може да си го извади окото“, напишал еден корисник.

„Слатко е, но не е безбедно. Замислете да си го протрие окото“, додал друг.

Мајката одговорила на критиките

По бројните негативни коментари, мајката објавила уште едно видео во кое објаснила дека ѝ ставила вештачки нокти на девојчето само за забава и дека не ги носело долго време.

„Само да знаете, ова беше исклучиво за забава“, напишала таа.


Објаснила дека ги отстранила ноктите веднаш по снимањето и дека не ги прицврстила со силно лепило за нокти, туку со самолепливи перничиња.

„Можете да се смирите. Тоа беше само за видео“, им порачала на критичарите.

Некои застанаа во одбрана на мајката

Сепак, сите не сметаат дека мајката направила нешто погрешно. Дел од корисниците застанаа во нејзина одбрана, истакнувајќи дека станува збор за безопасна игра и дека реакциите се претерани.

„Преслатко е. Очигледно е дека е само за забава, луѓето премногу се вознемируваат за сè“, напишал еден корисник.

Други ги споделиле сопствените искуства, потсетувајќи се дека и самите како деца си играле со вештачки нокти, а притоа никогаш не се повредиле.


И покрај објаснувањето на мајката дека ги отстранила ноктите веднаш по снимањето, нејзината објава предизвика дебата за тоа дали ваквата игра е соодветна за мали деца.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk