Еве зошто одбив да учествувам на ревијата на „Викторијас Сикрет“: Познатата манекенка искрено проговори за сè

Кармин

05/11/2026

10:09

241

Големина на фонт

а а а

Австралиската манекенка Миранда Кер (43) изјавила дека ја одбила поканата да учествува на овогодишната ревија на модниот бренд „Викторијас Сикрет“, бидејќи по размислување и медитација сфатила дека не се чувствува пријатно повторно да прошета на модната писта во долна облека.

Кер, која некогаш била еден од најпознатите „ангели“ на „Викторијас сикрет“, во поткастот „Not Skinny But Not Fat“ открила дека сериозно размислувала дали да учествува на ревијата одржана на 18 октомври, со која биле одбележани 20 години од нејзиниот прв настап за овој бренд, пренесе „USA Today“.


Како што навела, по неодамнешното враќање на модната писта на ревијата на модната куќа на Стела Макартни, за време на Модната недела во Париз, повторно открила колку ужива во манекенството.

Сепак, како што рекла, поканата од „Викторијас Сикрет“ кај неа предизвикала измешани чувства, а особено непријатност при помислата дека повторно ќе треба да прошета на модната писта во долна облека.

„Сите се во долна облека, јас сум во долна облека, имам 43 години и четири синови. Почувствував грч во стомакот“, изјавила Кер, објаснувајќи дека се обидела со медитација да ја надмине непријатноста, но на крајот одлучила да не ја прифати поканата.


Манекенката додала дека почувствувала олеснување веднаш штом донела одлука да не учествува, што ѝ потврдило дека постапила правилно.

„Тоа беше тогаш, а ова е сега. Се наоѓам во друга животна фаза“, истакналa таа.

Кер дебитирала на ревијата на „Викторијас Сикрет“ во 2006 година, а последен пат за овој бренд настапила во 2012 година.

Посебно внимание привлекла во 2011 година, кога само десет месеци по раѓањето на нејзиниот прв син, Флин, се вратила на модната писта.


Манекенката има четири деца – синот Флин од бракот со актерот Орландо Блум и уште тројца синови со сопругот Еван Шпигел, коосновачот на компанијата „Снепчет“.

Овогодишната ревија, која се одржа во Лос Анџелес, ја следела иако не учествувала на неа. Нејзиното враќање на модната писта се случи во септември, по повеќегодишна пауза, на ревијата на Стела Макартни во Париз.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk