Сè оди надолу, рече Филипче за извештајот на Европската Комисија

Макфакс

04/11/2026

15:30

358

Големина на фонт

а а а

Венко Филипче ги коментираше негативните оценки во извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија во 2026 година, потенцирајќи недостаток на напредок во борбата против корупцијата, ситуацијата во судството и притисокот врз медиумите.

Сè полошо е

Нула напредок против корупција, слобода на изразување и јавните набавки. Судство под политичка опсада и без пари. 40 тужби против новинари – тројно повеќе од лани. Медиумите под притисок. Земјоделство пред колапс. Вака претседателот на СДСМ, Венко Филипче, го коментираше Извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија во 2026 година, во објава на социјалната мрежа Икс.

Власта го зароби судството

„Власта го зароби судството, го задуши медиумскиот простор и ја остави корупцијата недопрена. Сè оди надолу. Како да биде кога мафија владее со земјата?“, напиша Филипче.

Извештајот на Европската комисија

Во Извештајот за 2026 година, Европската комисија констатира дека нема напредок во борбата против корупцијата и во областа на слободата на изразување, додека независноста на судството и натаму е поткопана од мешање на другите гранки на власта и недостиг од ресурси.

Реформска агенда

Истовремено, ЕК забележува значителен напредок во спроведувањето на Реформската агенда, но посочува дека не биле направени обиди за усвојување на уставните измени, кои остануваат услов за понатамошен напредок во евроинтегративниот процес.