[ФОТО] Ријана позираше во провокативна долна облека за новата божиќна колекција

Точка

04/11/2026

15:22

795

Големина на фонт

а а а

Ријана на Инстаграм објави фотографии во чипкасто боди од новата празнична колекција на нејзиниот бренд за долна облека „Savage X Fenty“, позирајќи покрај елки и сребрени кутии за подароци.

Пејачката ги сподели фотографиите во понеделникот. На нив носи црно-црвено чипкасто боди со длабоко деколте и чорапи во ист стил. Долната облека има розова и црвена цветна шара и рабови од црна чипка. На втората фотографија се гледаат отворениот грб и високите изрези на страничните делови на бодито, пренесува „Total Pro Sports“.


Фотографиите ги придружи со пораката: „Затоа што заслужувате малку повеќе оваа празнична сезона“.


Обожавателите со воодушевување ги дочекаа фотографиите, но во коментари повторно ја прашаа за нова музика. Ријана нема објавено студиски албум уште од „Anti“ во 2016 година.

Ова не е единствената празнична кампања на брендот оваа година. „Savage X Fenty“ во октомври ја претстави колекцијата празнични едноделни пижами за целото семејство, а во кампањата покрај Ријана позираа и нејзините три деца со АСАП Роки: РЗА, Рајот и Роки.