Новиот филм на Бред Пит, „The Further Mis-Adventures of Cliff Booth“, се најде во центарот на спорот меѓу „Netflix“ и големите кино-синџири.
„Regal Cinemas“ и „Cinemark“ одбија да го прикажуваат филмот на своите IMAX-екрани, а причината е краткиот временски период меѓу кино-премиерата и пристигнувањето на филмот на стриминг-платформата.
Филмот, во режија на Дејвид Финчер и според сценариото на Квентин Тарантино, го носи враќањето на Бред Пит во улогата на Клиф Бут, ликот што го толкуваше во филмот „Once Upon a Time in Hollywood“.
Според планот за дистрибуција, филмот треба да пристигне во кината на 25 ноември, додека неговото објавување на „Netflix“ е најавено за 23 декември. Токму овој временски интервал предизвика незадоволство кај големите кино-синџири, кои сметаат дека периодот на ексклузивно прикажување е прекраток.
„Regal Cinemas“ и „Cinemark“ поради тоа нема да го прикажуваат филмот на своите IMAX-екрани. Нивниот потег претставува уште еден пример за несогласувањата меѓу традиционалните кино-дистрибутери и стриминг-платформите околу начинот на кој новите филмови им се претставуваат на публиката.
Сепак, тоа не значи дека филмот целосно ќе биде изоставен од кино-дистрибуцијата. Филмот ќе има кино-прикажување, а одредени кино-синџири и независни кина планираат да го вклучат во својот репертоар.

Во филмот Бред Пит повторно го толкува Клиф Бут, каскадерот од филмот „Once Upon a Time in Hollywood“, за кој освои Оскар за најдобра споредна машка улога. Овојпат режисерската палка ја презеде Дејвид Финчер, додека сценариото го напиша Квентин Тарантино.
Овој случај повторно го отвори прашањето за односот меѓу кината и стриминг-сервисите, особено кога станува збор за големите холивудски продукции кои истовремено сакаат да привлечат публика во кината и да постигнат успех на дигиталните платформи.










