[ВИДЕО] Иранската амбасада го исмеа дебаклот на Трамп: Објави видео генерирано со вештачка интелигенција

Макфакс

04/11/2026

14:22

1.090

Големина на фонт

а а а

Иранската амбасада во Индија ја коментираше изборната победа на Демократската партија во САД со објавување видео генерирано со вештачка интелигенција кое на сатиричен начин го прикажува токму поразениот претседател Трамп и неговата партија.

Иранската амбасада во Индија го исмеа американскиот претседател Доналд Трамп по тешкиот пораз на Републиканската партија на изборите во САД.

На својот официјален профил на платформата Икс, амбасадата објави видео генерирано со вештачка интелигенција, на кое се гледа како телохранителите на Трамп го носат американскиот претседател и го фрлаат во контејнер за отпад, на кој стои натпис „Опасен отпад“.

Видеото беше придружено со кратка порака: „Избори во САД“, проследена со емотикон.

Ова претставува отворено исмевање на Трамп и на изборниот неуспех на неговата Републиканска партија.