Иранските претставници ги напуштија преговорите за крај на војната со САД

Макфакс

02/11/2026

12:20

366

Големина на фонт

а а а

Иранските претставници ги прекинаа разговорите за крај на војната со САД, но постои нацрт-предлог и можност за нови средби. Преговорите се фокусираат на отворање на Ормускиот Теснец и укинување на американската блокада, додека САД нема да извршат нови напади пред конгресните избори.

Иранските претставници во неделата ги напуштиле разговорите со катарските посредници за завршување на војната со САД, но не поради несогласувања во преговорите, изјавил претставник запознаен со процесот. Тој додал дека веќе постои нацрт-предлог за договор и дека е можна нова средба.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, изјавил дека основа за преговорите е иранскиот план од седум чекори, кој предвидува повторно отворање на Ормускиот Теснец и укинување на американската поморска блокада.

Багеи нагласил дека нема да биде можно конечен договор без укинување на блокадата и исполнување на иранските барања.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, претходно изјавил дека, доколку се постигне договор, Ормускиот Теснец би можел да биде отворен во рок од два дена, наместо првично предвидените седум.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека преговорите со Техеран биле продуктивни и дека САД нема да извршат нови напади врз Иран пред завршувањето на конгресните избори, но не ја исклучил можноста за понатамошна воена акција.