[ФОТО] Најпосакуваниот фудбалер ги „запали“ социјалните мрежи во боксерки: „Ти си совршен маж“

Точка

01/11/2026

08:47

1.317

Големина на фонт

а а а

Еден од најпопуларните фудбалери на денешницата е новото заштитно лице на кампањата на „Келвин Клајн“, а првите фотографии на кои позира само во боксерки веќе привлекуваат огромно внимание.

„Келвин Клајн“ најави нова кампања за долна облека, во која главната улога ја има Џуд Белингем, објавувајќи фотографии од фудбалерот на Реал Мадрид како позира во бело студио.

„Нова икона. Наскоро“, порачаа од брендот на социјалните мрежи, заедно со првите кадри од снимањето.

На фотографиите Белингем носи бели боксерки од брендот „Келвин Клајн“, но неговото лице не се гледа.

На една од фотографиите е прикажан фудбалерот одзади, при што се препознава неговата карактеристична фризура, додека на полароид-фотографијата е прикажан како се потпира на работна површина.

Неговиот идентитет го открива и лузната на левото рамо. Белингем во јули 2025 година беше опериран на рамото поради повторени исчашувања. Првпат ја доживеал оваа повреда во ноември 2023 година, а подоцна се одлучил за операција за да го реши проблемот.

Ова не е првпат фудбалерот да се најде во улога на модел за долна облека. Во јуни 2024 година учествувал во кампањата на брендот „СКИМС Менс“, за кој позираше во модели од колекциите „Cotton“ и „Stretch“, непосредно пред Европското првенство што се одржа тоа лето.

На социјалните мрежи набрзо „експлодираа“ објавите со Белингем, а најмногу позитивни коментари доби од жените. Она што особено ги воодушеви припадничките на понежниот пол беа неговите изразени вени на рацете и нозете.


„Колку си ти совршен маж“, „Сакам да ти ги масирам вените“, „Воодушевена сум од твоите вени“, „Презгоден си“, „Колку е привлечен...“, беа само дел од коментарите.