Канцерот ги убива жените во Македонија додека надлежните штедат на здравјето жените се соочуваат со суровата реалност вели Зајкова

Макфакс

30/10/2026

14:50

152

Големина на фонт

а а а

Либерално-демократската партија алармира на нискиот процент на жени опфатени со скрининг тестови во Македонија за рано откривање на канцер и бара системски решенија за подобрување на превенцијата и дијагностиката на оваа болест.

Денеска со симболична герила акција Либерално-демократската партија (ЛДП) алармираше дека раното откривање на канцерот може да спаси живот, но за превенција не се доволни кампањи, празни ветувања и изговори дека нема термини, велат од оваа партија.

„Додека надлежните штедат на здравјето, жените во Македонија се соочуваат со сурова реалност и погубна статистика – според Државниот завод за ревизија, со скрининг-мамографија се опфатени одвај 0,8 до 5,4 проценти од жените, а со скрининг за рак на грлото на матката само 10,3 до 15,5 проценти. Ова не е обична статистика, зад овие бројки стојат човечки животи изгубени во систем без грижа,“ изјави претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието на Македонија, Моника Зајкова.

ЛДП бара итни системски решенија: гарантирани термини за превентивни прегледи, автоматски покани за скрининг, еден платен слободен ден годишно за превенција и преглед на товар на државата во приватното здравство кога јавниот систем не може навреме да обезбеди термин. Болеста, додава таа, не знае да чека и не познава административни бариери.

Дополнително, од ЛДП бараат Министерството за здравство секој месец јавно да објавува колку термини се достапни за мамографија, ехо на дојка и ПАП-тестови, колку граѓани чекаат и колку долго.

„При секое сомневање за канцер мора да има итна дијагностичка постапка, а не чекање со месеци по коридорите!

Не бараме привилегии, туку здравствен систем во кој навремениот преглед е право, а не среќа, бидејќи држава што штеди на превенција, утре плаќа со човечки животи“.