Бартош Мазурек открива дека Лука Модриќ му бил идол, но го разочарал кога одбил да му го даде дресот на натпреварот.
Полскиот фудбалер Бартош Мазурек (19) од Ред Бул Салцбург неодамна имаше можност да ги одмери силите со својот идол Лука Модриќ, кој е повеќе од двојно постар од него. И покрај тоа што има 41 година, Модриќ и натаму игра фудбал на врвно ниво, па дури и оние што биле „во пелени“ кога ја започнувал кариерата можат да го сретнат на теренот.
Мазурек, кој едвај чекал да игра против Модриќ, открил и дека хрватскиот репрезентативец на некој начин го разочарал, бидејќи не му го дал дресот на Милан што сонувал да го има во својата колекција.

Како Модриќ го разочарал Мазурек?
„Првиот идол ми беше Кристијано Роналдо, но како што почнав повеќе да обрнувам внимание на играта и движењето на теренот, Лука Модриќ ми стана најголем идол. Срцето за малку ќе ми застанеше кога видов дека влегува во игра. Пред една година играв против него во видеоигра, а сега трчав покрај него на теренот“, изјавил Мазурек, кому не му се исполнила желбата да го добие дресот на својот идол на натпреварот меѓу Салцбург и Милан.

„За жал, ми го скрши срцето. Му пријдов и го прашав за дресот, но не успеав да го добијам. Ми рече дека веќе му го ветил на некој друг. Брзо се свртев кон Рубен Лофтус-Чик“, додал Полјакот.

Мазурек, инаку, е играч од средниот ред, како и Модриќ, а летово од Јагелонија премина во редовите на Салцбург за седум милиони евра, без бонуси. Веќе одигра 17 натпревари за клубот и придонесе со два гола, па уште сега се зборува за него како за следната голема продажба на клубот од Австрија.












