[ВИДЕО] Артета жестоко искара 16-годишник, легендата веднаш реагираше: „Тој е дете!“

Точка

28/10/2026

10:12

581

Големина на фонт

а а а

Арсенал шокантно беше елиминиран од Лига купот по поразот од Флитвуд Таун на пенали, а еден од клучните моменти на натпреварот беше црвениот картон на 16-годишниот Макс Дауман.

Младиот фудбалер беше исклучен во 85. минута, откако бурно реагираше на остар старт на противникот.

Додека Дауман го напушташе теренот, тренерот Микел Артета му упати лут поглед, а потоа бесно му дофрли нешто додека се движеше кон соблекувалната.

Таквата реакција не му се допадна на поранешниот фудбалер на Арсенал, Пол Мерсон, кој смета дека тренерот морал да покаже повеќе разбирање за младиот играч.

„Има 16 години – тој е дете. Не го одигра својот најдобар натпревар и нормално е да се фрустрира. Да беше во прашање Виктор Ѓокереш, мислам дека Артета немаше така да реагира“, порача Мерсон за „Sky Sports“.

Артета по натпреварот откри дека уште пред мечот разговарал со Дауман за контролирањето на емоциите.

Ова е втор црвен картон за младиот фудбалер овој месец, а Арсенал со елиминацијата од екипа што се натпреварува во значително понизок ранг на англискиот фудбал претрпе болен удар.

Дали Артета оправдано беше лут или мораше да покаже повеќе трпение кон 16-годишникот?