Нови калистеника-зони во Долно Лисиче и Ново Лисиче во општина Аеродром

Макфакс

27/10/2026

11:20

216

Големина на фонт

а а а

Општина Аеродром постави нови калистеника-зони во Долно Лисиче и Ново Лисиче со модерни справи за вежбање на отворено, со цел да се зголемат можностите за спорт и рекреација за сите генерации.

Нови калистеника-зони во Долно Лисиче и Ново Лисиче во општина Аеродром

Новата калистеника-зона во Долно Лисиче веќе е поставена, а градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид на локацијата кај спортскиот терен „Никола Христовски – Кољо“ во Ново Лисиче, каде што се поставуваат нови, современи справи за вежбање на отворено.

Покрај новите локации, Аеродром веќе го има и својот прв, најсовремен парк за калистеника, покрај булеварот „Србија“ во населбата Јане Сандански. Со вакви справи е збогатено и игралиштето „Патрик“, зад „Три бисери“, а во наредниот период нова калистеника-зона ќе биде поставена и во населбата Острово, извести Општината Аеродром.

„Со проширувањето на спортските содржини низ општината, создаваме повеќе можности за бесплатна рекреација, физичка активност и здрави животни навики за сите генерации.

Продолжуваме да вложуваме во уредени и достапни спортски содржини, со цел секое маало во Општина Аеродром да понуди повеќе можности за спорт, рекреација и активен живот“, соопштија од Општина Аеродром.